Последниве години, занемаруваната тема наречена перименопауза конечно доби некакво внимание. Обично знаеме за менопауза, но деценијата што доаѓа претходно, кога женските тела излудуваат на сто различни начини заради хормонални флуктуации - за неа баш и не сме многу информирани.
Жените си знаат, сепак. Многу им е забавно постојано да си играат „умирам, или е само перименопауза?“ Имаат неповрзани симптоми, од релативно очекуваните топлотни бранови, до нередовни менструации, до неочекувана несоница, иритабилност, чешање што се појавува од никаде... Качуваш килажа, не можеш да ја симнеш, телото во кое живееш со децении одеднаш ти е туѓо, а мозокот како да се обидува да заузда торнадо од физички, ментални и емотивни проблеми.
Иако жените го носат главниот товар, сепак и најтесното семејство може да изеде шрапнел.
А, сепак, има начин да ѝ се олесни животот.
Има начин и да ја изнервираш. Со тоа што ќе направиш видео како ова:
@mitch.little.academy Some tips for the blokes
♬ original sound - mitch.little.academy
- Грицки. Не се заебавај околу грицките. Не се веќе твои. Жена ти е многу свесна за пописот на грицки во куќата и ако има само уште еден вид останато, знае, и никако не се твои.
- Ќе бидеш потивок. Било каква форма на длабоко дишење, особено низ нос е преминување граници. Така можеш и да загинеш.
- Ако е можно, пробај и да размислуваш потивко. Звуци како трепкање се непожелни.
- Треба да се извиниш кога ќе се разбудиш, иако не знаеш за што се извинуваш.
Сепак, на крај има блага сериозност, бидејќи признава, како што и треба, дека перименопаузата воопшто не е лесна.
Се доискажува на Фејсбук:
„Знаете ли дека стапките на самоубиство и развод се највисоки кај жени од 35 до 50 години? Перименопаузата е екстремно тежок период за една жена. Не сум експерт, ама учам. Само кажувам дека слушам. И можеби повеќе разговор на темава ќе ја крене свеста за овој дел од животот.“