Во денешниот свет на филтри, Фејстун и трендови за убавина, чувството е дека некако - сите изгледаат исто. Есејскиот дел на Јутјуб е полн со анализи, меѓу кои и оваа, што длабински навлегува во копи-пејст естетиката што нè напаѓа од сите страни и истражува како современите стандарди за убавина се менуваат, од индивидуалност до one-size идеал. Од подемот на социјалните мрежи и глобалните брендови за убавина, до влијанието на козметичките „унапредувања“.
А, не беше секогаш вака. Назад во 20 век, убавината беше всушност славење на уникатноста - нека ви текне на Одри Хепберн, Барбра Стрејсенд и Дајана Рос, кои постоеја во исто време. Што имаме изгубено и како можеме таа индивидуалност во убавината да ја вратиме назад?