Режисерот Мајк Николс го замислувал воздржаниот сопственик на клуб, Арманд Голдман како Вилијамс и Алберт, бучниот, колоритен главен изведувач како Лејн. Уште на читачките проби, Вилијамс кој веќе бил познат се повлекол во споредна улога, дозволувајќи му на Лејн да блесне со експлозивниот хумор. Било забавно, но истовремено се поставил тон за пријателство базирано на меѓусебна почит и безбедност во свет што знаел да биде брутално суров.
Нејтан Лејн во тоа време имал личен крстопат. Иако имал изградено кариера на Бродвеј, сѐ уште јавно немал кажано дека е геј. Притисокот од Холивуд и медиумите бил сериозен, а за време на промоцијата на „Кафез“, се има случено и особено непријатен момент. На „Шоуто на Опра Винфри“, на Лејн му станува очигледно непријатно затоа што е вовлечен во разговор за нeговата сексуалност, но Робин Вилијамс во истата секунда го забележува тоа и без размислување влегува во луд, комичен скеч што комплетно го завлекува разговорот на друга страна и го влече вниманието на него. Тој спонтан, емпатичен чин го заштитил Нејтан Лејн без воопшто да биде очигледно и тој тоа подоцна го опишал како една од најљубезните работи што некој некогаш ги направил за него.
Дружењето за време на снимањето било легендардно. Често импровизирале и често режисерот ги оставал камерите да снимаат за да не се испушти нешто неповторливо. Надвор од тој проект, нивното пријателство се продлабочувало со тивки гестови. Кога починал татко му на Лејн за време на снимањето, Вилијамс бил меѓу првите што се јавиле, без нудење големи гестови, туку со рачно напишани пораки и ситни подароци да го расположат.
Во интервјуа низ годините, Лејн често зборува за Вилијамс го слави неговиот лик и дело, притоа не заборавајќи да го нарече и комичен гениј и длабоко чувствителна душа. Се сеќава како можел да осветли просторија кога ќе влезе, но како да имал резервирано приватен агол за себе за пријателите на кои вистински им верувал, и Лејн бил добредојден во тој приватен круг.
Кога Робин Вилијамс почина во 2014 година, Лејн беше уништен и јавно зборуваше за него како за човек што го заштитил кога бил најизложен, кој предизвикал да се чувствува видливо и кој му подарил пријателство што носи длабоко значење.
„Беше човек што го правеше светот подобро место за живеење, не само затоа што се обидуваше да го прави тоа, туку затоа што не знаеше поинаку.“