- Користи посебен пешкир за лице, секогаш. Пешкирот за тело има бактерии што ги заглавуваат порите.
- Бричи се со регенератор, наместо пена за бричење. Кожата омекнува и се намалува иритацијата од жилетот.
- Префрли се на свилени навлаки за перници. Помагаат при иритација на кожа и со тек на време ќе биде помазна.
- Користи конец за заби пред да почнеш со четка.
- Чисти го телефонот секој ден, погаден е од даска на вц-школка.
- Носење секојдневни влошки и синтетичка долна облека секој ден ќе ти наруши pH - секогаш бирај памук.
- Чисти го јазикот со алатка за гребење јазик, помага при лош здив поефикасно од четкање.
- Исуши ја косата пред спиење. Мокра коса на перница е еднакво на габични појави и слаба коса.
- Секоја недела менувај чаршави и навлаки за перници - предолго време поминуваш на нив и полни се со мртва кожа, масла и пот.
- Користи гел за интимна нега само неколку пати неделно, да не го нарушиш природниот баланс.
- Чисти го папокот, нежно. Собира мртва кожа и буквално може да замириса непријатно ако го игнорираш.
- Миј раце пред да го пипнеш лицето со шминка, не само после одење во тоалет.
- Користи хартиени крпи за бришење на лицето, похигиенски се.
- Со средство за дезинфекција чисти ги пинцетите, жилетите и алатките за нокти секоја недела.
- Спиј без долна облека, да му овозможиш на телото да дише. Намалуваш и ризик од габични и бактериски инфекции.
- Користи ружина вода под пазуви секој ден, ја смирува кожата и природно спречува миризба.
- Прави ексфолијација под пазувите и на препоните. Ќе спречиш поткожни влакна и ќе ја осветлиш темната кожа на тие делови.
- Не заборавај да поминеш и зад уши кога го чистиш лицето.
- Чисти ги прстените и обетките секоја недела - го допираат лицето и шират бактерии.