Кафе и документарец:

Што се случи со Иди Сеџвик?

Се памети во фрагменти. Муза на Ворхол, ит-грл осудена на пропаст, ѕвезда на њујоршката андерграунд сцена. Име што повеќе звучи како фус-нота, наместо изживеан живот.

Edie Sedgwick, Andy Warhol, Chuck Wein, New York, 1965

Сепак, Иди Сеџвик не смее да се гледа само како нечија инспирација, или туѓа трагедија. Иди била електрична и немирна, секогаш во движење, секогаш во потрага по нешто.

Си ја сакала слободата, но минатото никако не ја оставало на раат и низ сето тоа, сепак успеала длабоко да го издлаби своето име во поп-културата.

И тоа не само во сенката на Фабриката на Ворхол, или во некои од најострите балади на Боб Дилан.

16 мај 2025 - 12:37