Кој се плаши од Кери Бредшо?

После првото гледање на „Сексот и градот“ на ситни години, откако почнуваат да се прегледуваат на 30, па на 40, по дифолт, сите заклучуваат дека Кери Бредшо е негативецот во серијата.

Интернетот е преплавен со масовно „нејќење“ на ликот Кери Бредшо - била користољубива, себична, се менувала за партнерите од корен, за потоа да ги отфрла, цел живот го измачувала Мистер Биг и не им возвраќала на другарките со еднаква посветеност. Прашајте кој фан сакате, сите имаат минимум една епизода за која детално ќе ви опишат колку била безобразна.

Од реалната страна на работите, ликот претрпе промени затоа што и креаторите, а ѝ Сара Џесика Паркер, претрпеа нормални, созревачки промени во нивните животи. Од опасна новинарка што не се замара со никој и ништо, Кери полека се претвори во жена што знаеше повремено да се избезуми за однос со маж, од посветена другарка, во другарка што треба нонстоп да ја тешиш и да ја слушаш, ѝ доделија дури и непријатни карактеристики и проблематичен морал.

А всушност, ѝ ги пишуваа во сценарио сите грешки што жените ги прават во текот на созревањето. И кога правеше грешки, на другите им пишуваа реакција на тие грешки. Откако видоа како вртоглаво расте популарноста на серијата, Кери стана и посериозна, понасочена на кариерата (исто како и нејзината креаторка Кендис Бушнел) и помалку авантуристички настроена во љубовните врски.

Прегледајте ја серијата сега, со оформен карактер и возрасна глава.

Одма е подруго.

Дали заслушува да биде еден од најомразените ликови на телевизија?

14 мај 2025 - 08:52