Се вика Нотовеј плантажа, во Вајт Касл, Луизијана и е најголемата куќа на југот. Изградена е од (робовите на) Џон Хампден Рандолф, богат бизнисмен со памук, што подоцна се проширил и на производство на шеќер. Ја граделе 155 робови, а денес се обидуваат да ја протнат како „симбол на величественост и на комплексностите на минатото на нашиот регион“. Да биде навредата поголема, плантажата пред години се има ребрендирано во локација за свадби, како и многу други вакви плантажи, со слоган „Вашиот совршен ден, на ваш начин“, со ветувања за прекрасни церемонии и луксузни приеми.
Ништо од тоа веќе:
На социјалните мрежи реакциите се измешани - едни жалат за историската градба, други земаат пуканки, трети почнуваат да плетат теории на заговор и окултизам. Дополнителна забава им претставува тоа што куклата Анабел (од хорорите Conjuring) е на турнеја и баш тогаш пристигнала во Луизијана.
И нормално, им се ситат на сите невести што деновиве, или летово требаше да се венчаваат таму, а кукаат дека сега сè им е уништено.
Од реакциите:
„Претците се превртуваат во гроб, доста им беше.“
„Ви реков дека плантажниве невести ќе се однесуваат како да се најбитни во пожаров сосе нивните смачкани соништа дека ја изгубиле локацијата за годишнина. Зошто никој не зборува за расистите и нивниот избор за локација за свадба? Си играле луксуз и пиеле чај на места каде што се случувале незамисливи хорори на илјадници луѓе, стотици години.“
Една од турите низ Нотовеј најбезобразно се обидува да го „олесни“ фактот дека на имотот страдале робови. Објаснува дека цели семејства биле откупувани за да бидат заедно, па им давале нивни простории, ги учеле на лов и риболов, дури една ја обучиле да биде медицинска сестра за да може да им помага. Сето ова во обид да се прикаже плантажата како „не толку мрачно место“, доволно пријатно за свадба.
И уште една од реакциите:
„Веб-страната на плантажата ги именува 11-те ДРВЈА што ги има на имотот, но не и имињата на 155-те ЦРНИ ЛУЃЕ што робувале таму.“
Пожарникарите прогласија „тотална загуба“, што значи дека сега останува само да се сруши и да се расчисти.