Да влеземе во една фабрика за кукли од памтивек

Омилените кукли од времето, што и ден денес знаат да бидат убав подарок за мало дете, поминуваат низ језиви етапи за да изгледаат така како што изгледаат во кутија и во продавница.

Фабриката е во Лондон, а во времето кога е снимана репортажата, куклите биле многу популарни. Снимката го прикажува секој дел од процесот, од вметнување очи во главата, до изработка на косата и фризурата, облекувањето и на крај - касетата што се става во стомакот, што потоа ќе праша (и ќе изроди еден куп хорор приказни) - „Дали сум добра, мамо?“

Главите се прават во калапи, со машина се прави коса, од послужавник со стаклени очи се земаат очите, со калап се црта и устата, а рачно веѓите.

16 мај 2025 - 12:25