Преживување е, не туризмофобија

Шпанија му нареди на Ербиенби да отстрани речиси 66.000 огласи од платформата што прекршуваат регулативи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Ова доаѓа откако демонстранти почнаа да парадираат низ градови во земјата во обид да се убедат со државата да направи нешто со претераниот туризам.

Во неделата, илјадници излегоа на протест на Канарските острови, за спас од туристичкото цунами што им се случува со години. Имотите што се изнајмуваат, а се тргнати од платформата „нарушуваат разни норми во однос на сместувањето за туристички потреби“, како што кажа министерот за социјални права, потрошувачки работи и агенда до 2030, Пабло Бустиндуи.

Во моментов, домувањето им е сериозен проблем на Шпанците, поради ненормалниот пораст на кириите, особено во поголемите места. Луѓето веќе не можат ни да си дозволат да живеат, сѐ им е прескапо, платите се минимални и со една не се постигнува и за храна и за кирија.

Корисници споделуваат на социјалните мрежи дека ако не си видел со свои очи, не можеш да им ја разбереш болката.

„Газдите не сакаат да им изнајмат на локалните жители, сите огласуваат онлајн за туристи, со тоа правејќи го животот прескап и тежок за локалците. Многу тажна ситуација,“ вели еден корисник на Инстаграм.

21 мај 2025 - 11:03