Сакале ние или не, „И едноставно така...“ доаѓа со трета сезона.
„Многу сме среќни што имаме уште време за поминување во универзумот на Сексот и градот и за раскажување нови приказни за овие блиски ликови, одиграни од фантастични актери,“ изјави извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.
Она што го дознаваме од трејлерот е дека има нови драми, дека врската на Кери и Ејдан е „комплицирана“, (ѝ праќа празни разгледници). Се гледа и дека ќе ја посети во станот, но веројатно зачинуваат со нови симпатии - Кери има занимлив нов комшија. Драми ставаат и со симпатии од работа, ама она што интернетот се согласува дека е одлично е што Че Диаз, небинарниот партнер на Миранда од претходните сезони, нема да се појави. Ова е затоа што Че и Миранда раскинаа во претходната сезона, и наводно не заради про-Палестинските објави на актерката Сара Рамирез што ја глуми Че.
Дека ќе учествува, се пофали и Рози О‘Донел, како одредена Мери.
Сите сакале (и сакаме) да се вклучи Кајл Меклахлан, што го играше Треј, првиот сопруг на Шарлот, затоа што сите биле воодушевени од него на снимањето. Сепак, Меклахлан (со право) имал сомнежи за новиот правец на приказната.
Но, доста муабет, да го видиме трејлерот: