Луѓето во брак се посреќни?

Без разлика што може да се тврди дека бракот е залудна институција (и веројатно е, ако си во стабилна, долгогодишна врска), сепак, податоци од истражувања покажуваат дека бракот е директно врзан со повисоко ниво на среќа.

Истражувања во кои луѓето се испитуваат околу тоа колку сметаат дека се среќни, а на демографија поделена по приходи, образование, раса, локација, возраст и пол -  откриваат дека нивоата на среќа се должат на една работа: Луѓето во брак пријавуваат дека се посреќни.

Во денешно време во САД, каде што е изработено истражувањето, луѓето сѐ поретко влегуваат во брак. На пример, во 1980, само 6% од 40-годишни не биле никогаш во брак; денес се 25%. Без разлика дали се разведени, вдовци, или никогаш не биле во брак - резултатите велат дека ако не си во брак, си посклон да не си среќен.

Ова е сепак едно истражување и лесно е да се отфрли како недоволно, но истражувањата на оваа тема се сепак конзистентни низ годините.

Да се венчаш со сите нишани денес е скапа работа, а чини пари дури и кога не планираш свадба. Некои парови и без трошоци за свадба одлучуваат да прават предбрачни договори, па од старт имаат адвокатски трошоци. Кај нас се промените на документи, матичарите, ручеците, а секаде се здравствените осигурувања.

Ова истражување не проверува и зошто се резултатите такви, но има други што провериле, како на пример една студија што траела 15 години, на повеќе од 24.000 Германци, што на крај доаѓа до сознанија дека тие што се венчале и останале во брак биле посреќни од тие што не биле во брак. И плус, дека тој буст на среќа што го доживеале од бракот бил краткорочен, што значи дека истражувањето покажало дека се венчаваат најсреќните парови, а не дека бракот предизвикува среќа.

Очекувањата од бракот ни се високи - ова би значело дека луѓето не влегуваат во брак ако немаат силна и блиска конекција исполнета со поддршка. Сепак, нема да се случи да влезеш во брак и да откриеш дека така си посреќен. Еднаш имаше скеч со Адам Сендлер:

„Ти си сѐ уште ти на одмор. Сѐ уште ќе бидеш ти кога ќе влезеш во брак. Ако си сега тажен, бракот најверојатно нема да го смени тоа.“

Романтичните веруваат дека токму бракот усреќува, но истражувањата покажуваат дека статистички, бракот ти дава буст во среќа најмалку првите две години. Логиката зад романтичарите е дека блиски, долгогодишни односи креираат среќа, но да се најдат луѓе за ваков однос станува сѐ потешко.

Уште едно истражување спроведено во Велика Британија, открива нешто многу значајно во целата приказна. Луѓето што пријавиле „најголема среќа“ од бракот биле истите што споделиле дека брачниот партнер им е истовремено и најдобар пријател. Таму - среќата е двојно поголема.

13 мај 2025 - 12:37