Некои од нив ставија за да се уќути дел од публиката што нормално дека не престана да пребира, овој пат со право - сакајќи да направат добро и да ја вметнат разноликоста што во оригиналната серија ги караа дека им фали - ставија ликови што просто можеше да се почувствува дека им е непријатно што се напикани во таков калап.
Камо да беше само тоа проблем - желбата да се биде „модерен“, што само можеше да се преточи во мемето со Стив Бушеми „how do you do, fellow kids“ беше уште потешка за гледање, па воздух можевме да земеме само кога некој лик конечно ќе искоментираше нешто од типот „не разбирам и не ме интересира“.
Но, да видиме: Кои десет приказни серијата ги остави недоправени?