За паровите со голема разлика во години

Луѓето велат дека се среќни. Зошто е толку тешко да им се верува?

Дали средовечните жени се небитни?

„Кој јас? Небитна?“ - есеј за стареењето, од Али Вентворт.

Среќни животни, наместо огномет во Белград

Оваа година Белград нема да организира новогодишен огномет, туку парите наменети за тоа ќе ги уплати во друштва за заштита на животни.

СМС-пораките се враќаат во мода

Генерации допишувачи се враќаат на старомодните СМС бидејќи притисокот да бидат „постојано достапни“ им предизвикува анксиозност.

Ајде да реновираме

Можеби на првото „р“ од реновирање ви се темни, можеби и уште повеќе ќе ви се стемни ако чуете дека после зборот „реновирање“ доаѓа зборот „бања“, ама може и ќе ви влезе чивија кога ќе ги видите овие инспирирани од Жоан Миро. Не пишува дали е вештачка интелигенција, или некој сериозно се зафатил со овие естетско-уредувачки авантури, ама е одлично и вреди да се размисли. До следно реновирање.

Нешто чудно ни се случува со вкусот за музика на 30

Има причина што сè уште сме закачени за истите бендови што нè воодушевиле на 14.

Зошто свилата од лотос е толку скапа?

Само мал број на занаетчии се фаќаат за напорниот подвиг да извлечат свила од стеблото на лотосот, но резултатот е редок производ, до 10 пати поскап од обична свила. За да се извлече доволно за еден шал може да се потребни два месеци и 9200 стебла.

Како настана „Боговите паднаа на теме“?

Џејми Ујс го има смислено „Боговите паднаа на теме“ додека работел документарец со наслов „Животните се прекрасни луѓе.“ Дел од филмот го снимале во пустината Калахари, каде што Ујс прв пат гo сретнал народот Сан и „се вљубил во нив“.

Некои луѓе имаат проблем со бременоста на Сиена Милер

Очекувано - двојните стандарди за нејзината возраст и врската со голема разлика во години се пуштени на најјако.

Кашмирот настрана: Доаѓаат џемпери од алпака

Сè повеќе облека се прави од алпака. Обично се купуваат од мали стада во Перу каде што се одгледуваат со векови и сè повеќе дизајнери и дуќани се фаќаат решаваат да работат со новата „волна“.

Зумерите ќе ги убијат апликациите за лични контакти

Тиндер и слични апликации засекогаш го сменија културниот релјеф, особено што сега таргетираат и корисници според вера, професионални достигнувања и други нишки. Сепак, има индикации дека се на заминување.

Мажите треба да го разберат напорот да се биде „Мама Мраз“

Мајките работат прекувремено за празници за да бидат сигурни дека сѐ се купило, дека сите подароци се штиклирани од списокот, дека елката е накитена и децата се дотерани за сликање.

Кој им го смисли ова на Зара?

Зара се соочи со неверојатен бес од јавноста после кампањата за „Јакната“ во која многу видоа алузии за конфликтот на Израел и Палестина.

Колку има „француско“ во Тимоте Шаламе?

Шаламе би сакал сите да знаеме дека е Французин. Ама колку има француско во него? Штом мора да се праша…

Што ни беше со шминката во 2016?

Сега сме во ера на „чиста убавина“ и малтер на лице изгледа како далечно минато.

Заборавени холивудски парови

Некои се и заборавени - точка.

Дороти Вигинс: Нов почеток после 61 година

Дороти Вигинс била уништена кога го загубила сопругот, но била решена дека ќе го живее животот и за кратко станува славна кога еден пријател почнал да ги снима нејзините авантури во Њујорк.

Уметничко откритие на денот

Која е бојата што на уметничките слики изгледа како злато?

Ни се ближи ли Ерата на големиот развод?

Постои ТикТок пророштво (какви времиња, такви пророштва) дека современите бракови ги чека мрачна судбина.

Чизмите што глумат нога во штикла

Или време е да се самораспушти дел од модната индустрија.

Памела Андерсон си продолжи без шминка и супер е

Памела и понатаму ѝ се радува на својата природна убавина и тоа особено на црвени теписи. На Модните награди во Лондон беше одлично облечена, ама лицето ѝ беше нејзиното - без додатоци.

Инфлуенсерската економија е следна за штрајк

Во последниве месеци, сценаристите и актерите во Холивуд докажаа дека можат да се фатат во битка со големите компании и да издејствуваат подобри услови за себе и за работата. Следни на список - креаторите на социјалните мрежи - Јутјубери, Тиктокери, влогери и лајв-стримери. Како би изгледало тоа?