Зошто ноктите на Кери Бредшо се секогаш обични?

На сите тие модни комбинации, претерувања со ташни и чевли, фризури, гламур - ноктите не ѝ се ни налакирани.

Во оној сладок стан во Вест Вилиџ (што денес би чинел 5000 долари месечно) Кери пишуваше колумни и ноктите редовно ѝ ги гледавме - без ништо.

Сара Џесика Паркер за ова има вакво објаснување:

„Кери е писателка, значи отпрвин би пишувала на машина за куцање,“ вели таа. Би имала научено да куца во средно школо и беше практична писателка, потребна и романтична писателка. Маникирот за неа би бил, под а) залуден, затоа што секогаш би бил уништен и под б) пречка во брзата лента кон запишување мисли.“

Немаат сите писателки проблем да пишуваат со долги нокти, но Паркер вели дека не би се вклопувале ни во „брендот“ на Кери.

„Не изгледаше како начин на кој Кери би трошела време да се изразува,“ вели Паркер.

Инаку, сѐ што носи Кери во „И едноставно така...“ е осмислено од костимографите и Сара Џесика Паркер. Плус, не снимаат сцени по ред, па би било напорно лакот од една сцена да се менува со друг лак за друга, за да одговара секаде. Не дека никогаш не се случило, имаше темен лак во втората сезона, ама главно - не очекувајте.

Самата актерка исто не носи лак:

„Никогаш не ги правам ноктите. И веројатно сум имала лак на нокти два пати во последниве 10 години. Често ги користам рацете. Готвам. Чистам. Перам. Лакот не ми е практичен со оглед на тоа што сè треба да правам со раце секој ден.“

30 април 2025 - 08:26