Гласот што го имаме не е само за декорација - треба да се користи, се слуша и да се препознава. А, има неколку причини што можеби се воздржувате, наместо конечно да предизвикате да ве слушнат.
1. Сѐ уште ви влијае критикувањето од детството
Ситни моменти, кога ве откачувале или ви викале да ќутите - тоа не испарува, туку се складира во невралните патеки. Постојаната критика во детството креира „внатрешен глас“ што продолжува да критикува и понатаму. Мозокот формирал навики за да се заштити, секогаш кога твоите идеи наидувале на уморни воздишки, превртување со очи или просто отфрлање, па сега гласот во глава ти вика „не кажувај, и онака е глупо“.
Ослободувањето почнува кога ќе препознаеш дека ова не е твојот глас, туку е ехо од минатото што го носи твојот глас како маска. Треба да се начекаш себеси во таа авто-цензура и да се запрашаш јасно „чиј глас слушам во моментов?“ Одговорот знае да изненади и да открие шеми создаени пред цели децении - не треба да се заборават, туку треба да се препознаат тие моменти и свесно да се избере поинаква реакција.
2. Страв од одбивање
Секогаш кога ќе помислиш да кажеш нешто, мозокот во истиот момент генерира десетици сценарија во кои не ти успева. Така сме и насадени како луѓе - да избегнуваме социјално отфрлање, затоа што пред илјадници години, отфрлање од групата значело смрт.
И сега, твојата брилијантна идеја, или лична вистина е заробена зад ѕид од еволутивна биологија со натпис „ОПАСНОСТ“ кога ќе помислиш да си ги изложиш мислите на критика.
3. Да им угодиш на другите
Некаде по пат, учиме дека хармонијата е наша одговорност, макар и по цена на автентичен израз. Тоа people-pleasing, или да гледаш на сите да им е арно се развива уште во детството како стратегија за преживување, што подоцна станува автоматски одговор. Мозокот постојано скенира разговори и ги мери за потенцијален конфликт, па филтрира мисли преку „дали ова ќе предизвика тензија“ наместо „дали ова ми одговара“. Ова внимавање истоштува. Да си го најдеш гласот значи да прифатиш дека здравите односи можат да издржат несогласувања.
Кажи си. Поминато е времето кога отфрлањето значело сам во шума на милост и немилост на диви животни.