Можеш да си дозволиш живот во Париз, ама ако живееш со 12 свештеници

Елоиз Старк добила грант за студии во Париз, но грантот не го покривал сместувањето. После голгота од сомнителни места, нашла оглас за ректорат со 12 свештеници и други студенти со мали приходи.

Била пресреќна кога ја примиле на универзитет во Париз, додека не видела дека не се предвидени пари за смештај. Становите што ѝ биле во буџет биле страшни: Имало некој огласен како стан со три спални, каде што сопственикот ѝ покажувал каде сè може да дигне ѕидови во еден таван. Друга опција опишана како „триплекс“ всушност биле глорифицирани скали и немало ни место за кревет. Начекала еден куп огласи од мажи што љубезно нуделе место кај нив во кревет за студентка, ама ако чисти кујна.

На крај, навлегла длабоко во пребарувања на Гугл и нашла студентски резиденции што ги водат свештеници, или калуѓерки. Биле далеку во предградијата на Париз, и во една таква, 12 свештеници имале конвертирано поранешни ќелии во смештај за сиромашни студенти, што чинеле само 250 евра сосе сметки.

Кога влегла во ректоратот, се почувствувала како избрукана викторијанска жена што бара заштита зад црквени врати. Тоа чувство испарило во моментот кога ја поздравил насмеан свештеник во тексас фармерки и јакна и се претставил како Отец Габриел.

Ѝ покажал едноставна соба со кревет и гардеробер, но со поглед на градина и резбани статуи што се издигале од прерасната трева. На долниот спрат ѝ покажал работна просторија и кујна за неа и за другите студенти.

Била воодушевена, особено кога дознала дека нема посебни барања, освен повремено присуство на семестрални вечери и споделување со свештениците за студиите. Не смееле да прават журки и ѓубре, но им барале ни да се прибираат во точно време, било дозволено да им доаѓа друштво и не морале да одат на миса.

Таму создаваат креативна заедница - имало студенти од маркетинг и теологија, еден германец што студирал математика и не престанувал да пие Ред Бул, докторанд по историја што паничел секогаш кога ќе го прашале за тезата. Сами ги чистеле заедничките простории еднаш месечно и ги користеле тие моменти за дружење со оглед на тоа што биле со различни обврски и на различни универзитети.

Имало и благослови во завиена форма - во еден момент кога се мачела со особено тешка задача, ѝ пришол свештеник да ја замоли да пресадат домати. Прво го мразела што ја прекинал, но сепак отишла да му помогне и додека работела со раце, сфатила дека целиот насобран стрес ја напушта. И сфатила дека не помага таа, туку тој.

Истовремено, било напорно затоа што секој ден по два часа се возела во јавен превоз. Последниот воз бил во 11, па кога била излезена во Париз, морала да бира меѓу језивиот ноќен автобус, или да остане до сабајле, до првиот утрински воз во 6:23.

Следната година веќе успеала да најде евтин смештај, со помош на универзитетот - поранешна соба за слугинки во богатиот седми арондисман, толку мала што можела да ги допре сите ѕидови без да стане од кревет, но сепак, само за неа, во срцето на градот. И од таму, со задоволство можела да се сеќава на хаотичната, мала заедница што ја оставила во ректоратот.

25 април 2025 - 10:13