Знаевте ли дека фустаните од Големата депресија биле од вреќи за храна?

Во таа сиромаштија, жените се снашле со шиење облека за себе и семејствата од вреќите во кои им пристигнувала храната. Една вреќа облекувала едно дете, а три биле доволни за возрасен човек. Приказната има еден преубав детаљ.

Кога компаниите за храна забележале за што им се користат вреќите, почнале да ги печатат материјалите со прекрасни дезени, да ги праќаат вреќите со инструкции за шиење и да ставаат етикети што лесно се отстранувале.

Сега фустаните биле со цветови и шари, а луѓето можеле да задржат барем малку достоинство во ужасните времиња.

2 мај 2025 - 00:00