Сам свој лабораториски глушец - вака се опишува (и во право е) Др. Бита Фарел на видеото што стана вирално на Инстаграм.
„Ставив на долните фацијални мускули во вилицата и сега две недели подоцна ви ги презентирам резултатите додека се обидувам да ги стегнам мускулите,“ вели таа.
Видливо е дека левата страна што е без филер природно се движи, заедно со устата, но на десната е скоро па неподвижна.
Во описот на видеото пишува дека мускулите на лицето или влечат надолу, или нагоре.
„Кога мускулите што го влечат долниот дел на лицето надолу добиваат ботокс, мускулот што ја влече средината на лицето нагоре доминира. Ова помага да се намалат „марионетските“ брчки, да не висат образите, да не се „натажува“ устата и вака образите изгледаат пополни и поподигнати.“
Да се надеваме дека во меѓувреме се боцнала и на другата страна.