Тие што го практикуваат овој тип на прорекување инсистираат дека сирењето отсекогаш имало голема улога во магичните практики, уште од грчко и римско. И Грците и Римјаните принесувале сирења како дарови за нивните божества. Во Шкотска во бунари фрлале парчиња сирење за самовили - ако им се допаднеш на самовилите и ти го прифатат подарокот, жетвата ќе биде богата, ако не, ќе нема жетва.
На сесија на гледање на сирење, ќе ти кажат да избереш четири типа - за минато, сегашност, иднина и прашање - и, бидејќи главно онлајн е гледањето - да пратиш слика од сирењата. Најмногу кажувало обично сино сирење. Една новинарка од Афар што се фатила на ова оро, избрала овчо со тартуфи, пекорино и сино сирење, а „гледачката“, која инаку гледала и на листови од чај и практикувала и други начини на прорекување, се разбира, за сирењата научила за време на пандемијата.
Кога сите учевме и корисности и глупости.
Назад на сесијата со иднина од сирења, за „прашањето“, избрале хрватско овчо сирење од Паг. Формите што можат да се видат на сирењата се слични на формите во шолја кафе - змејови, пеперутки, кози - сите со свои интуитивни значења.
Знае да чини и 40-50 долари за соло сесија, или групна до пет луѓе и нешто помалку ако е група од над пет луѓе. И чини повеќе ако гледачот сам го набави сирењето.
Како бизнис е врв - муштерии можеш да очекуваш и од наивни луѓе и од луѓе што ќе си направат мезе со друштво и ќе решат да се позезаат. А, на некои бизнис-ориентирани луѓе баш им текнува.
Какви сирења ќе купите вие за да ви гледаат?