- Ноќните потења првите неколку недели. Купував нови чаршави, за да можам да постигнам да менувам секој ден.
- Бруталноста на неспиењето. Се сеќавам дека гуглав како војници издржуваат без спиење. Кратка вечност на мизерија. Добро е што децата ми се слатки.
- Дека стриите што си успеала да ги избегнеш за време на бременоста, сепак можат да дојдат подоцна.
- Крварење од брадавици, уште го чувствувам во кошмари.
- Никој не ми кажа дека контракциите можат да продолжат и уште некој ден по породувањето. И дека со новите породувања можат да станат посилни.
- Општата конфузија од доењето. Толку многу ствари околу доење. Што е нормално, што не е, да не се претерува, да се претерува... Додека го родив второто, веќе бев експерт и ги учев другарките.
- Распукување од четврти степен. Болки, а не треба да се движиш, губење цврстина на мускули кај вагината. Среќна сум што работам од дома, затоа што за време на заздравувањето и физиотерапијата, не беше ретко да не можам ни да стигнам до тоалет. Многу ми беше срам.
- Губењето сила. Првиот пат кога тргнав да го кренам првото дете, а бев тазе породена со второто, ќе го испуштев од што немав сила.
- Чуден податок, но цел живот страдав од дигестивна болка на одредена точка. После царскиот рез, ја нема. Никогаш повторно не се појави.
- Целиот твој идентитет и разбирање на себеси се менува во еден единствен момент.
- Мирисав ужасно после породување. Константно се туширав, пробував различни дезодоранси. Мислам дека кога се откажав, мирисот го снема. Смрдев од секаде.
- Бесот. Никој не ме предупреди колку интензивен и ненадеен ќе биде. Очекував тага и анксиозност, но бесот ме фати неспремна. Гласни звуци, постојано допирање, неспиење, сето тоа се насобра и како да губев контрола. Ми беше срам, бев осамена, додека не сфатив колку мајки се борат со истиот проблем, но не зборуваат. Кога дознав, ми успеа да престанам да се обвинувам.
- Како зглобовите и мускулите да ми се разлабавија и да ми се потрошија, особено околу карлицата.
- Косата многу ми паѓа сега. Чудо е како имам уште влакна на главата. Насекаде се, а поминаа 5 месеци од породување.
- Никој не ми кажа дека можам да крварам со месеци. Може моето не беше нормално, ама крварев три месеци и се распаднав, беше ужасно да се мисли дека „добиеното нема да заврши“.
- Ме болеше многу грбот од две недели пред да се породам, до 11 месеци потоа. Веројатно хормоните ми ги држеа лигаментите како за трудна, и кога престанав да дојам, беше како исклучено со прекинувач.
- Најстрашното беше кога сфатив дека телото никогаш нема да ми биде 100 посто како што ми било претходно. Не само стриите и опуштената кожа, туку и физиологијата ти се менува.
- Хемороиди. Почнав на идни мајки да им подарувам крема за хемороиди. Ми се смеат, ама им кажувам да почекаат до моментот кога нема да можат да седнат две недели.