Учиме за развод од Мавританки

Наспроти нашето општество каде што уште се бавиме со страв и срам од развод, во Мавританија, разведените жени се слават, попожелни се за брак и мажите се натпреваруваат кој ќе понуди подобар живот. 

На бракот гледаат како еден начин на живот и заработка, а разводот е просто - уште еден начин. Потоа доаѓаат втори и трети (и така натаму) бракови и тоа се само уште и уште начини.

Разведената жена е попосакувана од немажената, разведената жена има бизнис, се издржува и бира. А бира од потенцијални сопрузи кои ветуваат дека ќе се потрудат повеќе од претходните. Има и пазар што се вика Пазар на разведени жени, каде што работат.

5 мај 2025 - 10:06