Не мора и банана да ставате во смути

Има нови истражувања што покажуваат дека една состојка во бананата може да ги намали ефектите на останатите намирници во смутито.

Ако фрлате и банана во блендер за кремаста текстура и калиум, науката сега кажува дека може треба да ја прескокнете. Додавање банана во овошно смути може да ги намали „планираните“ придобивки за здравјето.

Во едно истражување, осум луѓе пиеле или смути со банана и шумски овошја, или смути минус банана, па таблета што содржела флаванол - природен антиоксидант. Секој учесник потоа давал крв и урина за да се измери количината на флаванол во телото.

Се открило дека кога се додавала банана во смутито, учесниците апсорбирале 84 проценти помалку флаванол.

Флаванолот е природна здрава состојка што ја има во овошје, зеленчук, чај и какао, а добра е за телото затоа што има силни антиоксидативни дејства. Ова значи дека го штити телото од слободни радикали - нестабилни молекули што го зголемуваат ризикот од некои болести. Истовремено, помагаат за добро здравје на мозокот.

Бананата го „сече“ флаванолот со еден слободен ензим што го содржи - тој што предизвикува бананата да потемнува кога е изложена на воздух - и токму тој се меша во апсорпцијата на флаванол.

Ова не значи дека треба да престанеме со банани во животот, ни во смути - бананата сѐ уште содржи хранливи состојки и витамин Ц, плус калиум што го регулира крвниот притисок и влакна што подржуваат дигестивно здравје.

Но, сепак, кога сте во можност, во блендер заменете ја со цитрусни овошја, манго, ананас и ситни овошја. Секако, фокусот е богато смути, без шеќер и здрави масти.

Сепак, на крај, авторите на студијата што ја оцрни бананата, не се толку строги:

„Ако уживате во банана, секако вклучете и банана.“

8 мај 2025 - 09:11