После неа, десетици жени се охрабрија да споделат свои искуства, или чуени од блиски, од кои една имала и 14 години.
Не пријавуваат напади и силувања, туку тенденцијата на Лето да се дружи, да се пушта и да биде во врска со малолетнички.
„Не си била во Лос Анџелес, ако Џаред Лето не те напаѓал зад сцена на концерт, во килт и зимска капа,“ има напишано Телиз во 2012.
Една девојка вели дека другарка од средно имала постара, 18-годишна сестра што била манекенка во ЛА. Отишла кај неа летно време на гости и се вратила со приказни за дружење со близначките Олсен и мување со Џаред Лето, сосе слики како доказ. Во тој момент, другарките ѝ биле љубоморни и биле фасцинирани, но како што созревале полека почнало да им текнува: Што бара 30-годишен тип да се мува со 15-годишна девојка?
Брент Болтхаус, актер и продуцент на настани му помагал да организира забави полни со малолетнички. Повеќе луѓе споделуваат дека имале контакт со Лето од многу млада возраст, со детали како јавување касно навечер и покани во приватни резиденции. Тој Болтхаус бил „господар на парти-сцената“ во Лос Анџелес и често ги фотографирале заедно со Лето. Една вели дека Лето ја поканил на забава и ја запознал со Болтхаус кога имала 17 години, па имала кратка афера со него кога тој имал 40.
На забавите само Болтхаус, Лето и брат му биле машки. Другото било сè полно со тинејџерки.
Порано имало ситни показатели, ама медиумите не биле нешто многу потресени.
Во 2018, актерот Дилан Спраус му пиша на Твитер на Лето:
„Еј, Џаред Лето, сега кога им пиша во ДМ на сите манекенки на возраст од 18 до 25, колку би рекол дека си успешен?“
На тоа, режисерот Џејмс Ган допрашува: „На интернет почнува од 18?“
И да не заборавиме дека организираше и некој retreat, каде што луѓе плаќаа да медитираат околу него, додека тој се шеташе во спавача и чекаше да го обожаваат како месија.