Пешачењето останува superfood за мозок
Не е добро само за мускулите и срцето – одлично е и за мозокот. Според некои истражувања, редовното пешачење го зголемува снабдувањето со крв и кислород во мозокот, што пак ги подобрува расположението, меморијата и креативноста.
Гориво за среќа
Кога одиме, нашето тело ослободува ендорфини – гледајте ги како мали молекули на среќа кои го подобруваат расположението и го намалуваат стресот. Затоа е и толку пријатно да се пешачи покрај вода или во природа и затоа сме смирени потоа, без разлика дали сме го направиле тоа намерно.
Здраво срце
Ќе звучи драматично, ама секој чекор е инвестиција во срцето. Редовното пешачење го намалува ризикот од срцеви заболувања, го регулира крвнот притисок и ја подобрува циркулацијата. Кардиолозите советуваат 30 минути одење дневно за значително намалување на ризикот од срцев удар.
Согорување калории без потење
Секако не е толку интензивно согорување како при трчање, или кардио, но навиката за пешачење може да има значително влијание врз телесната тежина и метаболизмот.
Дружење со себе
Во свет полн нотификации и дигитален хаос, пешачењето нуди тишина и можности за разговор со себе - како мини-медитација, како време за размислување, или просто уживање во моментот.