Како жените почнуваат да се губат себеси без да забележат

Си бркаш работа, поминуваат години и во еден момент сфаќаш дека не се препознаваш.

  • Викаш дека си „само уморна“, кога ти всушност ти тежи душата.
  • Го нарекуваш „љубов“ тоа што е реално нечиј минимум.
  • Се смееш на коментари што всушност те повредуваат.
  • Се објаснуваш со луѓе што не се ни обидуваат да те разберат.
  • Дозволуваш другите да одлучат што тебе треба да ти значи „пречувствително“.
  • Емотивно се оградуваш, а тврдиш дека не ти треба многу внимание.
  • Ги игнорираш повиците на телото за одмор, само за и понатаму да фигурираш.
  • Веруваш дека вредноста ти е врзана со тоа колку можеш да понесеш на грб.
  • Лојална си на приказни, навики или луѓе што веќе не се вклопуваат во она што стануваш.
  • Ги спушташ стандардите за да не станеш „тешка“.
  • Се воздржуваш од солзи, за да изгледаш силна.
  • Бираш врз основа на страв, наместо на желба.
  • Остануваш на места што ти ја јадат нежноста.
  • Кажуваш „да“, за да бидеш допадлива, дури и кога цело твое битие вика „не“.
  • Дозволуваш другите да дефинираат како треба да изгледа успехот.
  • Го стишуваш гласот за да избегнеш конфликт.
  • Даваш изговори за проблематични однесувања затоа што „никој не е совршен“.
  • Се споредуваш со жени на кои не им се ни восхитуваш.
  • Забораваш што сакаш затоа што секогаш си фокусирана на тоа кој е околу тебе.
  • Се претвораш во некоја друга, за да избегнеш одбивање.

Е, па? Се враќаме назад на себе?

извор

14 мај 2025 - 09:08