Јутјуб-едицијата на Вог „73 прашања“, што веќе некое време ни кажува глупи и интересни детали за јавни личности, оди кај Сара Џесика Паркер дома. Многу симпатичен Њујоршки стан, многу фин муабет, и важни прашања од типот „штикли или балетанки“ (одговорот е на 4:19).
„Тоа што навистина нè усреќува сите е многу просто: љубов, секс и храна! Сè друго – моќ, влијание, сила – сите тие нешта знаат да ги надминат важните работи во животот. Но, сè додека имаш храна и кров над глава, и имаш сè што ти треба, тогаш тоа што нè усреќува е многу едноставно.“
Луѓето се делат на три категории: луѓе што мразат Крокс и никогаш не ги допреле ни со стап; луѓе што никогаш нема да ги облечат во јавност, ама признаваат дека се добри за по дома, и луѓе што гордо ги топорат и по град, и по грчки селца на одмор и не сфаќаат дека им се грди. Изгледа дојде време овие последниве да бидат боље од првите и вторите.
Сме се навикнале до сега. Таа е откачена, смешна, ги сецка кадрите за комичен ефект, носи луѓе, пика животинки во објектив, и генерално е така една дражесна особа. И иста како нас. И ние така заработуваме неколку милиони годишно само од лакирање на сопственото куче пред камера.
Таа е интелектуалка, интересна, малку романтична – но не ги одобрува стварите многу лесно, а не се ни смее пречесто. Ќе трчка со балетанки од Шанел, или боса ако е на одмор. Има свој парфем. Јаде сирења без размислување и цела вечер ќе лигави една чаша вино затоа што е мајстор за умереност. Скоро секогаш е бела, хетеро и слаба, и можеш убаво да ја замислиш само ако тенденциозно ги игнорираш сите други Французинки чија што дневна рутина не вклучува возење точак покрај Сена во мини сукња и со багети под мишка.
Пристапот „да се прифатиме такви какви што сме“ и „да го сакаме тоа што ни го дала природата“ почна многу симпатично. А последниве години, некако ко цело време да се сведува на - влакна.
Мајкл Милер е фотографот што стои зад двете спорни слики од Тупак Шакур што Кајли и Кендал Џенер без да се потрудат да прашаат ги искористија за нова колекција грди маици.
Од миење коса со дождовница, до масло што наместо во тава завршува на коса, плус совети од баби – сè ни е пробано. Ама може треба да видиме што викаат Бразилките.
Врз основа на режија, движење, агли и дејствие, CineFix од Јутјуб ги рангира најдобрите кадри на сите времиња од филмови што или уживаме да ги прераскажуваме, или очигледно мора да ги ставиме на список за летово.
Брендот Yandy извади колекција на долна облека инспирирана од Дизни принцези, и после неколку кликови може да се види јакото: shipping worldwide. И ние сме worldwide. Проверив.
Внатрешната машинерија на Вог отсекогаш била атрактивна и фасцинантна. Знаеме дека модната индустрија е сурова и безобразна, а сепак во несвест паѓаме секогаш кога на екран ќе се појави Мерил Стрип во „Ѓаволот носи Прада“. И изгледа е баш така, според една поранешна уредничка од Вог.
Туторијалите за шминка на Јутјуб се бројат во милиони, па повремено се појавуваат предизвици за да биде позабавно. Таков е „My dad does my voiceover“, кога татковци се наратори на дејствието - а дејствието е ќерка што се шминка. Победничката формула во ваквите случаи е тоа што татковците најчесто немаат поима што се случува пред нив.
На човек не можеш да му наложиш да се храни здраво, ако не му го накалемиш тоа како мода. И пред да дојде хроното, безглутенската исхрана и чијата за секој дом, се почнуваше со одмавнување со рака на обичното, кравјо млеко и се купуваше бадемово.
Хеликоптери, авиони, флеш моб, по некој скопски плоштад, тука и таму слика со прстен во базен во Банско, па врвови на планини, падобранот од спотот на Бон Џови и што веќе нема да им текне. Ама кога девојка ти е тату-мајстор, има само еден начин.
Пластични хирурзи од Запад ги фаќа благ ужас од фактот што сè помлади и помлади девојчиња им доаѓаат со барања за козметички операции на интимните делови што е резултат на една телесна несигурност наметната од социјалните мрежи и порнографијата.
Колку што Пиксар знае да нè убие од смеење, толку и најбезобразно знае да нè акне од земја и да нè претвори во размрсулавени, отечени вреќи емоции што ќе цмиздрат уште три дена откако ќе заврши филмот.
Долго пред да можеш да отидеш до парфимерија и да избереш од еден куп брендови, состав, и нијанси, пудрата во прав се правела во салон за убавина, специјално за тебе, со невозможни бои што на крај стануваат една - совршена за твојата кожа.
Како изгледа кога се смислува „Ден без жени“ на СНЛ, па мажите решаваат да напишат и еден женски скеч, во чест на сите нивни колешки. И не само што им прават чест со сценариото, туку и великодушно ги вклучуваат сите во скечот.
Девојчињата фино лепо го искористија мултимилионскиот бренд што го креираше мајка им и си направија сопствени бизниси што палат и гасат меѓу тинејџерите. Повремено прават и глупости. Последното им е богами толку глупо, што ќе извадите сипаници.