Во последниве години, уживајќи ја популарноста околу која светот никако да си одговори зошто ја има, се качи на сите можни вагони од возот за социјална правда, па од Инстаграм и Твитер мудруваше за женските права, за правата на малцинствата и што веќе таму може да се штиклира. Природно, имаше многу да каже и на тема холивудски сексуални малтретирања, затоа што - таква е она, правична и со мислење.
Додека не ѝ обвинија еден од сценаристите. Данам го зема во заштита, објаснувајќи нешто очекувано, дека ѝ е пријател, дека е на негова страна и дека случајот со 17-годишната девојка што го обвини е во тие 3% кога обвиненијата се лажни.
Ќе си речеш, може е стварно така, колку и да е језива, тоа не го оспорува фактот дека се залага за колега што е неправедно обвинет?
Добро, ама она се предомисли. И објави извинување. Дека ние како феминистки, живееме и умираме од политика, и дека да им веруваме на жените е првиот избор што го правиме секој ден кога ќе се разбудиме. Дека наивно поверувала дека треба да го каже нејзиното мислење за случајот, без разлика што било лошо време за тоа. Понатаму продолжува во еден хаос, баш таков каков што креира и нејзиниот лик во Girls.
— 💎 Lena Dunham 💎 (@lenadunham) November 19, 2017
Кај е проблемот? Од што се истрчува, како што е спомнато погоре да биде „гласот на една генерација”, иако никој не ја поканил и затоа што лупа глупости што мисли дека се „еџи” и „empowering", Лина Данам важи за сериски извинувач.
Во мај 2016-та, Данам напиша есеј на Линкдин (бидејќи и таму е влијателна, нели), со наслов „Се извинувам, ама не се извинувам: Мојата зависност од извинувања”, објаснувајќи дека „Извинете” е чест збор во нејзиниот речник. Тенденцијата на жените да се извинуваат не треба да се релативизира, се разбира, ама Данам често покажува колку безочно нема поима со изјави за кои после - треба да се извинува. Меѓу нејзините најголеми хитови е муабетот за абортусот. На нејзиниот подкаст имаше желба да разговара за стигмата околу абортусот и за да покаже колку ѝ е нејзе тоа супер, рече „Уште не сум имала абортус, но посакувам да сум имала.” После тоа се извини, ја обвини „девојачката персона” што често си ја наметнува и донираше пари за здруженија што се бават со темата.
Друг пат, го спореди криминалното однесување на Бил Козби со Холокаустот.
„Тоа е како да му кажеш на некој дека е опседнат со Холокаустот.”
Подоцна призна дека тоа и не била баш некоја аналогија.
Во пустата желба по стотти пат да истакне колку она не е „една обична жена” која се раководи според „стандардите на општеството”, му се качи на глава на рагбистот Одел Бекам Џуниор. Во еден јавен муабет со Ејми Шумер (која е исто на ваква некоја граница), кажа дека е крајно навредена што типот ја гледал зачудено како да не сфаќал што она треба да претставува, жена ли, животно ли…
„Седев до Одел Бекам Џуниор и беше неверојатно, затоа што ме погледна и одлучи дека јас не сум жена според неговите стандарди,” рече Данам. Подоцна, на Инстаграм додаде дека е факт дека не знае што тој мисли (и не знае многу други работи), и не требала така да се однесува.
Во секој случај, точно е дека секој влијателен и моќен глас кој ги претставува жените во денешно време и се бави со нивните битни прашања е добредојден. Само што, ако еден од побучните гласови е на Лина Данам, со нејзините недоквакани трескања што се дефинираат со „нешто да се дешава”, жени, го наебавме.