За нега на кожа:
Немам некој режим, само основните работи. Користам средство за миење лице и понекогаш серум, но обично прв избор ми е Decorté AQ Meliority Intensive Cream и многу добро функционира. Го раздавам како новогодишен поклон.
За тајни за убавина:
Мраз во вода мене ми врши работа, тоа ми е омилен трик. Ако сум отечена или уморна, полнам вода, ставам коцки мраз и краставица. Го потопуваш лицето во тоа неколку минути и веднаш добива свежина, а отеченоста се намалува. Тоа го научив од филмот Mommie Dearest, Феј Данавеј го прави.
(Феј Данавеј ја игра Џоан Крафорд, меѓу другото, опседната со режими за разубавување, особено како што старее и улогите и ги крадат помлади глумици.)
За коса:
Ако одам на фризер, сакам да личам на себе, само средена. Малку виткање, па чешлање наназад и малку висина. Сама не се средувам, имам природно бранувана коса и ја мијам секој ден. Има една финта што ја прават на фотосесии, под косата ти прават плетенки за да се добие ефект на лифтинг. Тоа е стар холивудски трик, пред да има ретуширање, морале да прават сè рачно.
За шминка:
За секој ден користам малку коректор, маскара и кармин. Клиник имаат одлична маскара. Ако се одлучам за молив за очи, тогаш го размачкувам, обично со прсти, ама и со четки сакам. Ќерка ми многу повеќе се разбира и многу повеќе работи јас учам од неа, отколку таа од мене. Не ѝ е интересно тоа што го имам, сака нови ствари, но нејзините другарки обожаваат да ми претураат.
За најубавите жени:
Сите тие од ’70-ти. Се разбира, ја обожавам Анита Паленберг. И Мариан Фејтфул и Феј Данавеј. Многу ги има.
За лошите навики:
Растурени несесери за шминка ми се веројатно најлоша навика. Ужас сум. Сè е истурено, на сè има кармин. Некогаш кога имам слободно утро, чистам и мијам четки, ама не сум некој фанатик за тоа.
За нејзините насловни на Вог:
Многу ја сакам првата, со Корин Деј (фотографот на сликава погоре). Таа ми е врамена дома, во работната соба. Затоа што кога тоа ми се случи, ми беше неверојатно. Прекрасно беше. А ја сакам и таа од Ник Најт, таа ми е во куќата на село.