Аеродроми, патување и модели на Victoria's Secret

Дојде ревијата на Victoria's Secret во Шангај, а со нејзе долетаа и ангелите од сите страни на светот (како се потрефи реченицава!). Се спремаат со шнајдери и вежбање пред да излезат на сцена, а патуваат онака како што ретко ни текнува на сите нас: згодно, макар и во тренерки.

Марта Хант и Елса Хоск, незадолжително.

Роми Стрид и Џасмин Тукс, со куфери што им одговараат.

Меган Вилијамс. Веројатно сите би сјаеле вака, да имаме ваква кабина во прва класа.

Дев Виндзор, чии што ужасни тренерки ваљда ќе поминат покрај патната торба Луј Витон.

Роми Стрид, или како се изгледа феноменално во тренерки.

Алесандра Амброзио во џемпер наместо пасош.

Даниела Брага, како ти за на кафе.

Грејс Бол. Приметувате дека се повторува дизајнот на ранецот?

Грејс Елизабет, или „и вие ли сте вакви пред спиење?”

Џозефин Скривер, во уште една кабина што треба да ви влезе на список за патување, некогаш.

Синди Бруна, како ние за искачање.

Суи Хе (сеедно која писта е во прашање).

Сара Сампајо, или ми требаат вакви тренерки.

И на крај, Тејлор Хил. Дали ви влезе чивијата за полу-дотерување пред следниот лет?

извор

 

21 ноември 2017 - 08:00