Големите брендови се ежат од лажњаци и не им се попушта така лесно веќе, особено откако се намножија кинески онлајн продавачи со скоро совршени копии. Деновиве Шанел доби на суд против 24 продавачи на Амазон, обвинети за продавање на копии од нивните производи комплет сосе лого.
Докторка за животинки од нашиот Твитер одлучи да почне хаштаг #КучеВоЛето, со совети за сопствениците на кучиња и многу е супер. Обавезно да се прочита, жешко е.
Мирес е агенција во Париз, посветена на наоѓање на најубавите, најуникатните и најнеобични локации за снимање во метрополата. Нивниот каталог кој е одлично чувана филмска и модна тајна, е едно скриено богатство на неверојатни простори - од вртелешки пред Сакре Кер до тајни париски тавани замрзнати во времето.
Тања Хенеси ја упознавме кога ни прикажуваше како уствари обичните смртници се однесуваат со шминка, откако ќе се изнагледаат туторијали и разно-разни совршени мејкап-артисти по продавници. Сега ни кажува што е разликата меѓу ти на 18 и ти на 30 години.
Од GQ ги прашале водителите на Инк Мастер да коментираат тетоважи на славни личности, значи, Џастин Бибер, Ријана, Крис Браун, Ники Минаж и слични. А овие двајцава, се разбира дека ќе го изведат тоа најмангупски што може.
Научивме како се пакуваат 100 ствари во рачен багаж, ама тоа што не научивме (без разлика што сме доволно возрасни сами да си платиме одмор) е како најлесно да се спакуваме. Океј, може си знаете, ама не е лошо, вака сезонски да се инспирираме за полесно пакување, особено што самиот чин знае да биде досаден. Вака: Инспирација!
Филозофијата на парфемот, како почнало, како се става и зошто е толку битен, особено за Французинките. И сето тоа спакувано како што сме навикнати, симпатично, кратко и изворно.
Прво, кога пратите Јутјуб видео за некаква инстант физичка промена, ситуацијата многу брзо може да отиде од нула до „кај се родив кај се заебав.“ Ама кога човек ќе изнајде видео што реално (и испробано) функционира, и ќе заврши со стварно многу долга коса, ред е да сподели.
Пред четири години, Џули Ен Кајсер била воркохолик, со сопствен бизнис за односи со јавност во Тампа Беј, Флорида, и заработувала шестцифрени суми. Се журкала секој викенд, редовно се боцкала со Ботокс, носела Гучи и Луј Витон и патувала низ светот. И покрај сето ова, се чувствувала - празно.
Розе виното никогаш не било прв избор за пијачка никаде – ако пиеме вино, пиеме бело или црвено, пиеме жестоко, пиеме кисели води, ама розето, некако – не доживеа масовно опивање. До сега.
За да дојде до вакви видеа, некој се има изнаслушано неуки, псевдопомодари како проџвакуваат „Џивенчи“, „Балмеин“, или (пу-пу) „Кристијан Лакроикс“, па земал, завикал луѓе, ги снимил, и сега може да научиме конечно.
Десет илјади години, мачките успешно го манипулираат човекот да ги двори и да им удоволува. Ги има на сите континенти, освен Антарктикот, значи ги бива за инвазија, а сепак кој што прави – ние им помагаме како едни робови на две нозе. Сега, истражувачи имаат откриено од каде точно мачките го започнале преземањето на светот.
Додека во некои филмови костимите постојат само за после некое време да ги снема затоа што така налага приказната, во Холивуд им се малку побитни. А излегува дека и на нас како публика, затоа што човек не може, а да не помисли баш на овие парчиња гардероба кога ќе го чуе соодветниот наслов.
Облеката баш и не е најважниот момент во порното. Но да не забораваме дека тоа што е голо, заради приказната и секогаш ултра-важниот вовед мора да биде облечено. А за да биде облечено – мора некој да го облече.
Немаат сите бугарска матура. Во едно гратче во Есекс, се случува едно девојче да се пожали дека не може да си дозволи фустан, ама тоа го прави баш пред едно друго девојче со својства на добра вила од бајка на Грим. И одеднаш, има фустан.
Не е само да се одлучиш меѓу тросед и двосед или Г - гарнитура. Некој седнал и смислил како да си ги украсиш штекерите, како терасата да ти заличи на кафич и колку прејако ќе ти дојдат саксии во купатило.