А светот воопшто не е црно-бел.
Новиот проект на Дејвид Швимер и уште неколку режисери се вика #ThatsHarassment, и се работи за серија кратки филмчиња кои прикажуваат сексуално малтретирање, ама од оној тип што поминува незабележано секој ден, освен со тоа едно непријатно чувство кое пак не ги држи луѓето предолго - баш поради тој недостаток на определување што сè постои меѓу црното и белото.
Од друга страна па, на површината на Јутјуб испливува еден постар скеч од СНЛ, кој да го правеа сега, ќе го изедеа стапот. Излезен е пред светот да почне да лови Вајнстини и смешно е, ама допира до една тема која е баш непријатна и in your face за најнаапаните ловци на вештерки.
Затоа што, некогаш е и вака: