Едни поинакви мерки за избор на Мис

Наместо да си ја кажат висината, обемот на струкот и градите, натпреварувачките кажуваат статистика за криминал, случаи на злоупотреба и насилство на кое се изложени жените во оваа земја.

Обично на избори за убавина девојките, во напорни и убави фустани и многу шминка треба да отшетаат до предниот дел на сцената, да се обратат на публиката и да си ги кажат мерките на телото. Но во Перу им текнало дека не се само тие мерки што треба да се спомнат.

Наместо да си ја кажат висината, обемот на струкот и градите, натпреварувачките кажуваат статистика за криминал, случаи на злоупотреба и насилство на кое се изложени жените во оваа земја.

Се викам Лусијана Фернандез и го претставувам градот Хуануко, а моите мерки се 13.000 девојки страдаат од сексуална злоупотреба во нашата земја.

Јас сум Камила Каникоба и доаѓам од Лима. Моите мерки се 2,202 случаи на фемицид (жени убиени само поради нивниот пол) во последните девет години во мојата земја.

Целата тема на Мис Перу 2018 е посветена на истакнување на страшните статистики на насилство против жени во земјата.

На платно се прикажувале исечоци од весници, создавајќи еден сериозен контраст со девојките што пред него шетаат во купачи. Во последниот сегмент, жените кажуваат кои закони би ги вовеле за да се справат со ваквите злосторства.

Натпреварот го организираше поранешната крунисана убавица Џесика Њутон, избирајќи ја темата за да им даде моќ на жените и да го посвети шоуто на сите жртви.

Во разговор со Базфид, Њутон кажува дека сегментот со купачи кој би можел да биде осуден дека ги прикажува жените како објекти, сепак бил вклучен, чисто да се покаже дека жените мораат да бидат почитувани без разлика како се облечени.

„Сите што не го осудуваат ова и сите што не мрдаат со прст да го спречат се соучесници. Жените можат да излегуваат голи ако сакаат. Голи. Тоа е лична одлука. Ако излезам во купачи, јас сум пристојна еднакво колку и жена што излегува во вечерен фустан.”

Еве го целиот настан:

1 ноември 2017 - 09:19