8 мали луксузи за удобен лет

Затоа што, летовите не мора да се непријатни неколкучасовни растрчувања што почнуваат од враќање 16 пати на скенер на аеродром, соблекување кондури, дремење со непријатни луѓе во авион и излегување од крајниот аеродром како да те донело торнадо.

1. Одличен новчаник што собира сè

Сè, сосе пасош, бординг пас, пари, картички и секакви други ситници што ви се шуткаат по ташна. Замислете колку би било фино да не барате по сите џебови кога некој ќе ви побара нешто да покажете на кој и да е влез.

2. Добар куфер на тркалца

Инвестирајте во куфер што нема да го мразите, нема да ве влече како Бернардинец и ќе собира сè, притоа бивајќи совршено подобен да влезе во мерките за рачен багаж.

3. Кондури без метал

Тие со нитните и патентите ставете ги во куфер, или оставете ги за кога нема да ве мрзи да се соблекувате по чорапи на аеродром. За таму, земете патики, Uggs, или нешто што знаете дека нема да свири. 

4. Тампони за уши

Бикоз, бебињата и малите деца во авион знаат да бидат гласни колку што се слатки. А возрасните да бидат напорни колку што се сељаци.

5. Некакви грицки

Освен ако не планирате да ги купите во авион. Ако ви се пази на здрави работи, опремете се однапред со нешто вакво. Многу е подобро од ич.

6. Планер

За целото патување. Ем ќе бидете организирани, ем ќе имате што да шкртате во авион.

7. Добра долна облека

Затоа што последниот пат кога се изглупиравте со неудобни гаќи не можевте раат да седите за време на целиот лет.

8. Добро лабело

Затоа авионите сушат кожа и уста, а вас треба ли да ви функционира карминот беспрекорно?

Бонус: Ако имате Ајфон, истражете ја и научете ја апликацијата Wallet. Меѓу другото, за летови на Wizz Air (и не само тие), можете внатре електронски да ја оставите бординг-картата, која од таму ви ја скенираат кога се чекирате на аеродром и наместо да се шетате со полуискината хартија за принтање, се шетате со картонче што многу полесно влегува во оној новчаникот од погоре.

30 октомври 2017 - 15:34