За серумите против стареење на Диор и зошто Кара Делевин

Иако некои луѓе сакаат да го забранат терминот „анти-стареење”, Диор сака да им каже „кој како сака.” Едноставно, има луѓе што сакаат нормално и грациозно да остарат, а има и луѓе што сакаат бебешка кожа до 105, и точка.

 Затоа, Диор излегува со нова линија серуми против стареење и брчки со име Capture Youth, која што, иако во превод е малку непријатна („Зароби ја младоста”), повеќе алудира на зачувување на младоста – па затоа треба да се почне рано.

Ова е колекција наменета за миленијалци и 30-и-кусур-годишни, а заштитно лице е Кара Делевин, која со своите 25 и способноста да продаде сè што рекламира на Диор им дошла како совршен претставник.

Затоа што никогаш не е премногу рано да почнеш да се бориш со штетата што ја предизвикуваат слободните радикали.

Серумите излегуваат во јануари, и секој е за различна ситуација на кожата: лифтинг, смирување, матирање, измазнување и подобрување на сјајот. Технологијата е ПАОТ, развиена од Диор и Европскиот институт за антиоксиданси. Помага да се измери антиоксидативната и оксидативната активност во кожното ткиво. WWD пишува дека „Со Универзитетот Пјер и Марија Кири, Диор го разгледува интраклеточниот антиоксидантен одбрамбен систем наречен glyoxalase, кој ја контролира способноста на кожата да се бори против видливите знаци на стареење и ослабнува под влијание на времето и надворешните фактори.” Научниците откриваат екстракт од Фирентински ирис кој ја зголемува активноста на одбрамбениот систем на кожата. Значи, ова не е серумот на мајка ти – туку подобар.

Како и сите нови производи на Диор за нега на кожа, сите Capture Youth серумите се 85% природни – што е импресивно за еден луксузен бренд. Можете да ги мешате формулите за да ја најдете својата рутина, што ќе помогне да се справите со најраните знаци на стареење како мали брчки, истакнати вени или зголемени пори. Од Диор велат, „Колку помлади ќе почнете, повеќе шанси ќе имате да ги задржите младите карактеристики подолго.”

2 ноември 2017 - 11:58