Зборете вие што сакате, ама неспорно е дека феноменот Кардашијан/Џенер си бара некој да си го прибере за докторат. Тоа што светот ги смета за безвредно, неталентирано ѓубре, славно само затоа што е славно, без никакви квалитети (океј, можда пазарски квалитет), не значи дека не живееме во свет каде што може истото тоа „ѓубре” да има сериозно влијание на економијата на десетина индустрии. Ова особено важи за социјални мрежи, каде што влегува и кутриот Снапчат.