Да, фино прочитавте. Тоа кај нас само Мекдоналдс го имаше, па, замислете - Мекдрајв, ама наместо чизбургер, погледуваш малку стриптиз, плаќаш и си одиш. Фантастична идеја.
Потешко беше да се замисли денот без шминка пред да дојдат препораките за седење дома и работење од кревет. Освен ако не си тип што никогаш не се шминка, едноставно, ако одиш на работа и имаш социјален живот, имаш некаков слој на фаца, макар и минимален.
Во средата вечер, на МСНБЦ, економистот Џефри Сакс стигна до вести со изјавате дека „Доналд Трамп е најлошиот претседател во историјата“ и „идиот“, но Хелејн Олен, која пишува за Вашингтон Пост баш и не обрнува внимание на тоа - вниманието ѝ го одвлекува - косата.
Бракот и децата навистина можат да бидат прекрасно искуство, но сепак, доаѓаат со проблеми. И според еден експерт, немажените жени без деца се најсреќната подгрупа во популацијата.
Во моментот кога Форбс последен пат се слуша со Канје, тој вели: „Не сум ти јас по бројките. Да ме тераш ова да го претворам во бројки е како да ја прашуваш баба ти точно по каков рецепт е тортата.“ Ама сепак, има еден број што на Канје не му дава да поспие во неговиот беж ентериер. Милијарда.
Соработките на Пума со брендови и фаци главно се одлични. Ова последново не е соработка ни со едно ни со друго, ама исто како да е. Ефектот е вирален, али од погрешни причини.
Колку повеќе се стишува светот додека луѓето се кријат од пандемија, толку повеќе време имаат луѓето за размислување. Одеднаш, имаме многу за читање - како општеството треба да научи од своите грешки, како мораме да се псоветиме да бидеме подобри кога ќе помине - како грешници што се пазарат со Господ кога се во опасност од смрт. Сепак, една работа не личи како да ќе се искорени во скоро време.
Фино е да си разговараме за облека и колачи и ствари што не се директно поврзани со пандемија. Мислам дека ова делумно е и причината што почнав да готвам: тоа ми е уште еден издувен вентил. Но желбата да си најдам занимација испарува во истиот момент кога ќе ми текне дека само си наоѓам занимации, и ете ме пак, на истата тема
Кажете било кој хак за патувања и на Пинтерест ќе му ги најдете сите варијанти: да чуваш шноли во празни пакувања од Тик Так, стапчиња за уши во кутии од апчиња, каиш во крагњата од кошулата, чорапи во кондури… Десет генијални начини да заштедите пари додека патувате низ Европа, дваесет и пет работи што треба да се направат пред меѓународен лет… Пинтерест ги има сите одговори.
Пандемиите на промаја и цименто можат да почекаат - една напатена душа што пишува за Гардијан, чија мајка е запознаена со начинот на функционирање во социјализмот, преку илустрации раскажува колку е всушност спремна. И познато ни е, не дека не.