Зошто на пример, да не направите струфоли?

Да, малку ќе паузираме од подобрувањето себеси во карантин. Ќе поработиме на здебелувањето себеси.

Си седиш така на Јутјуб, си разгледуваш ствари, размислуваш како, океј, фино што беше на диета, фино што направи пауза од диетата, време е нешто да се работи и - толку.

Се појавува рецепт за „струфоли“.

Крајно проблематичен и веројатно од сортата на тулумби, локумадес, чурос и таа прехранбена група.

Барем така личи тестото на прв поглед, плус шербет има...

Ние сега дојдовме да ви направиме проблем - да мора да направите струфоли.

Затоа што:

На почеток на карантинот, вриеше од совети (и тука, да, сѐ уште можете да си најдете нешто) за искористување на ова нејасно време за апгрејд. Учење јазици, слушање онлајн курсеви, учење да плетеш, да црташ, да боиш, да не се нервираш, да готвиш, да пушташ несекојдневни филмови...

Сега има нов корона-културен бран што инсистира дека - не, не мора сето тоа да се прави. Ова е логичен след на настаните - имаш цела една самоподобрувачка струја, сите се фаќаат за неа, па почнуваат да излегуваат одметници, црни овци, опасни фаци од типот - „е, нема“. Супер се они, ама не мораме така лесно да ги отфрламе - има смисла и нивното. Затоа што, за едно се во право - светот се распаѓа и се менува од корен, кој стигне дели совети за интимно воздигнување, а тебе само ти се лежи и ти се гледа Грејс и Френки.

Затоа - правете струфоли. Нема никаков притисок за подобрување себеси, не мора да ги ставите на Инстаграм и наградата на крај е - па, струфоли.

Еве го цел рецепт:

5 мај 2020 - 15:09