#OffCafe препораки за време на корона:

#СедиСиДома: Идеи за занимација за време на изолација

16. Јави се на баба ти.

1. Конечно можеш да исчистиш, да ти светка

2. Испробај нови рецепти (брашно имаш, ете)

3. Почни ја конечно серијата што ја одлагаш, а ти беше најавена како „ОДМА, МОРАШ.“

4. Среди инбокс

5. Среди десктоп

6. Префрли слики и видеа од телефон на екстернал

7. Прегледај стари, одамна негледани, а одлични филмови.

8. Гледај Вен Вајлдер! Не се прават веќе филмови како во 2002.

9. Направи си третман за лице, пилинг на тело, маникир, педикир. (Што ако не си женско.)

10. Пробај да учиш нов јазик, може ќе ти се бендиса, па ќе продолжиш после кризата

11. Направи список од негледани филмови и секоја вечер нека биде муви најт

12. Научи да плетеш (озбилно!)

13. На Јутјуб побарај туторијал за цртање (од кај знаеш, може те бива)

14. Почни да ги читаш една по една книгите што ти се купени, а ти фаќаат прашина

15. Почни да ги читаш и тие што лажеш дека ги имаш прочитано

16. Јави се на баба ти

17. Одбери каде ќе патуваш откако ќе биде океј да се патува и почни да правиш планови, со списочиња, со гледање сликички, со сѐ

18. Собери ги сите ташни и торби и испофрлај ѓубре, сметки, тутун, бординг пасови, ливчиња, ќесички и глупости. Ако се перат, испери ги

19. Среди го плакарот и спреми за донација сѐ што немаш облечено 2 години. Ќе донираш после изолација

20. Избриши ги и помини ги со боја сите кондури

21. Фрли ги сите чорапи и гаќи со „шоимавезе, едно дупче е“

22. Викни си гости, наместо да одите на кафе и на вечера

23. Правете тематски вечери. На пример „Француска вечер“ со даски со сирења, пршути и вино

24. Италијанска вечер, со паста и многу сосови

25. Медитеранска, со морски плодови и рижото

26. Американска со домашни бургери (што ќе научите да ги правите со бр. 2 погоре), помфрити и хот-догови.

27. Научи да правиш јаки, хипстерски салати

28. Кога ќе дојдат гости, правете квизови

29. Води дневник

30. Напиши расказ. Може ќе биде глуп, ама времето ќе помине, а ти ќе имаш расказ.

Втор дел
Трет дел

Четврти дел
Петти дел
Шести дел

13 март 2020 - 18:37