#OffCafe препораки за време на корона:

#СедиСиДома 5: Идеи за занимација за време на изолација

101. Јави се на драга личност што не си ја чул/видел одамна. Направете си муабет, без да биде натоварен со „а бе те барав, ако можеш да ми…“

91. Лежи во када и уживај

92. Почни Јутјуб канал. Може ќе бидеш глуп и ќе имаш двајца претплатници, ама што има бре, врска?

93. Гледај го омилениот цртан од детството

94. Почни да водиш блог. Пишувај што сакаш

95. Прави кроасани

96. Прави чоколадо по рецепт

97. Избриши прозори

98. Пробај да направиш здрав сладолед

99. Пробај да направиш нездрав сладолед (попознат како подобар од тој под 98.)

100 .Секое сабајле прави два литри лимонада и налевај се цел ден

101. Јави се на драга личност што не си ја чул/видел одамна. Направете си муабет, без да биде натоварен со „а бе те барав, ако можеш да ми…“

102. Купи евтини карти за лет 6 месеци од сега. Оптимистички. Ако не бива, секогаш можеш да откажеш патување, 20 евра се во прашање.

103. Гледај југословенски филм

104. Гледај црно-бел филм

105. Гледај Аристокетс!

106. Приклучи го лаптопот на телевизор и фамилијарно играјте hidden object игра - на пример: Mystery Case Files: Dire Grove

107. Направи список на родендени и поклони што сакаш да ги купиш

108. Гледај “Грев или шприцер” на Јутјуб

109. Или прочитај ја драмата.

110. Зачлени се во група со истомисленици на социјални мрежи. На пример за книги, филмови, уметност, поправање по дома, дигитален маркетинг, итн. Дискутирај, учи, тепај време.

И гледај да седиш дома и да не излегуваш освен ако ептен не мораш. 

Прв дел
Втор дел
Трет дел

Четврти дел

Шести дел

18 март 2020 - 17:58