#OffCafe препораки за време на корона:

#СедиСиДома 6: Идеи за занимација за време на изолација

114. Испланирај тура низ Европа со кола, за откако ќе заврши ова. Со планирање буџет, пинови на мапа, со престој, со бирање хотели, со запишување што треба да видиш...

111. Има виртуелни тури на музеи и изложби на Гугл, тука. Шетај се, виртуелно, собирај убавини. 

112. Гледај го Пепелашка на Дизни

113. Научи да правиш пуканки со карамел, чоколадо, зачини... Ќе ти требаат за муви најт

114. Испланирај тура низ Европа со кола, за откако ќе заврши ова. Со планирање буџет, пинови на мапа, со престој, со бирање хотели, со запишување што треба да видиш...

115. Туширај се долго, спиј долго, уживај во времето, ќе го бараш.

116. Прави палачинки во разни форми (брашно имаш, зејтин имаш...)

117. Гледај стари македонски и југословенски реклами на Јутјуб.

119. Гледај „Во светот на бајките“ на Јутјуб.

120. Играј стари игри онлајн - за Нинтендо, Сега, Гејм Бој, ПС1...

121. Од кога не сте играле бриџ?

122. Читај стрипови онлајн

123. Купи си онлајн курс за нешто (или најди си од тука)

124. Измислувајте приказни со децата и правете сликовници, тие нека ги цртаат

125. Време е да провериш зошто боенките за возрасни се толку популарни (нарачај преку интернет)

126. Гледај го Book of Life. Пресладок долгометражен цртан.

127. Многу книжари и издавачи понудија или бесплатни книги, или со попуст - нарачај си нешто.

128. Гледај „Досие Скопје

129.Прегледај ги сите „Неделна доза ентериер

130.Одбери си галерија

Седи си дома. И запамти дека не се работи за тебе и дали ти ќе се заразиш и ќе преживееш - се работи за сите околу тебе.

Другите идеи за занимација за време на изолација:

Прв дел
Втор дел
Трет дел

Четврти дел
Петти дел

19 март 2020 - 13:28