#OffCafe препораки за време на корона:

#СедиСиДома 3: Нови идеи за занимација за време на изолација

Време е да се престане со гости, ама има многу друго за правење.

51 .Научи да правиш козметика, на пример?

52. Стави домашна маска на лице.

53. Домашна маска на коса.

54. На стапала.

55. Направи список колку и какви соби има твојата идеална куќа.

56. Најди си тема што те интересира и студирај ја како да треба да полагаш (психологија, историја, уметнички правци, литература, економија, маркетинг, магиски обреди, Шекспир, политички системи во Русија...) После короната ќе бидеш попаметен.
-Овде има 450 курсеви од светски познати и признати институции

57. Изгледај сѐ што постои со омилениот глумец.

58. Исто, ама од омилениот режисер.

59. Најди си нова песна за миење раце.

60. Сними краток филм со мобилен: со играчки, со воис-овер, со музиче, со се (види под 39)

61. Ако има деца околу тебе, правете куклена претстава.

62. Најди македонски хитови од рани 2000ти и порано. Караоке, со играње и со драмење. И деца и животни на нозе.

63. Напиши уште еден расказ, ќе биде подобар од првиот. А може и нема, ама сега имаш два глупи раскази. Ама твои. (30)

64. Пробај да насликаш нешто. Ако е добро - супер, ако е глупо, нема Пикасо да те правиме, де.

65. Закрпи си ги сите дупки на алишта што не ти се даваат.

66. Пробај да сошиеш нешто. Полнета кукла, навлака за перница, трака за коса...

67. Исчисти ја рерната.

68. И ринглата.

69. И фрижидерот

70. Направи си кафе и со друштво отворете си конференциски повик. Јако е.

Прв дел
Втор дел
Трет дел

Четврти дел
Петти дел
Шести дел

16 март 2020 - 14:15