Во 60-те години откако умира, Мерилин Монро станува синоним за гламурот на стар Холивуд, а светот е сѐ уште фасциниран од нејзината убавина и магнетска привлечност. Сега, благодарение на Музејот за шминка во Њујорк, е познато и каква рутина за нега следела. И некои производи сѐ уште ги има во продажба.
Музејот за првпат го открива рецептот кој ѝ го дал унгарскиот лекар, Ерно Ласло на 17 март, 1959. Бидејќи имала сува кожа, сите производи се бирале за да ѝ ја хидрираат кожата. Инструкциите кажуваат и дека треба да избегнува било какви јаткасти плодови, чоколадо, маслинки и остриги.
Наутро, инструкциите велат дека треба да се мие лицето со млака вода и активниот фелитилски сапун на Ерно Ласло. Потоа, требала да стави нормализирачки, Шејк-ит тонер, исто така на Ерно Ласло, на целото лице со памукче натопено во тоникот. Откако ќе го впие тоа со хартија, следувала кремата за околу очи (исто на Ласло, веќе ја нема).
Навечер Мерилин го повторувала истото, а за формални настани, советот бил да стави од кремата за околу очи по целото лице, заедно со вратот и деколтето. Потоа, да го впие тоа со марамче и да стави Дуо-Фејз пудра.
Пред спиење, ставала активно масло на Ерно Ласло, пред да стави крем за лице, исто од Ерно Ласло и „контролирачки лосион“ (да, од Ерно Ласло), а откако ќе го измие лицето, ставала повторно од лосионот во дебел слој на носот и брадата и да преспие со тоа.
Ерно Ласло како компанија сѐ уште постои и да, испорачува низ цел свет, еве го сајтот.
Ако не ви се крши мраз со сајтот директно, еве сајт што испробано испорачува до Македонија, и да, има Ерно Ласло.
Повелете и друг пат.