Драјв-тру со стриптиз?

Да, фино прочитавте. Тоа кај нас само Мекдоналдс го имаше, па, замислете - Мекдрајв, ама наместо чизбургер, погледуваш малку стриптиз, плаќаш и си одиш. Фантастична идеја.

Кога почнаа мерките за заштита од ковид, првото прашање што си го поставиле танчерките во Лаки Девил Лаунџ - стриптиз клуб во Портланд било: „Сега што ќе правам?“ Помош од државата не им следува. И без разлика што си го сакаат клубот, а од таму ги третираат како фамилија - сепак се стриптиз. Не се на плата туку на бакшиш од муштерии и немаат ни осигурување ни платен одмор.

Прво им текна да доставуваат храна што и претходно се служела во клубот (види тука). Недела дена подоцна, додадоа и драјв-тру опција и токму тука лежи спектаклот.

На пример, една од нив, Броди, во Портланд живее речиси 12 години, а 11 од нив, работи за Лаки Девил. Во прв момент кога слушнала за новата ситуација била преплашена и неутешна - имала приход од ОнлиФанс, но ни одблиску доволно како од танцување, а дечко ѝ тетовира, па ни тој не можел да работи.

И тогаш доаѓа идејата и за деливери и за драјв-тру стриптиз и станува неверојатно. Луѓето, се разбира, пресрќени - ова им е единствен начин на забава со излегување, стојат на растојание од два метра и уживаат во погледот. Едвај неколку пати имале проблем со сељачишта - според Броди, 99.9 посто од времето се раат и луѓето се благодарни. Бакшишот го ставаат на едно место, па го делат со другите танчерки и шоферите кои им се истовремено и телохранители. Се заработува добро, ама непредвидливо. Една вечер може да донесе 150 долари, друга 30.

Друга девојка, Седона, се сели во Портланд на 18 да станува манекенка, што набрзо се претвора во гола манекенка и фетиш-фотосесии. Открива дека ѝ се допаѓа сексуална работа и почнува со веб-камера. Во моментов, единствената друга работа ѝ е да си ги средува видеата дома, а кога нема пандемија, има и дозвола за тетовирање.

Било крајно жално кога се затворил клубот, бидејќи ѝ бил главен извор на приход. Никогаш не мислела дека ќе испорачува храна или ќе ја сметаат за работник од клучна важност - особено не мислела дека ќе испорачува топлес но, како што кажува, „животот е таков, полн со изненадувања“. Уверена е дека радоста и смеењето што ги шират ги одржува поздрави и посреќни. „Сакам на луѓето да им овозможувам безбедни цицки, насмевки и љубов. Супер е што можам да си ја одржувам силата на шипка.“

Далеку сме ние од ваква ситуација.

Ако ви фали уште, овде има уште девојки и сведоштва од драјв-тру стриптиз. И слики има, да.

5 мај 2020 - 15:34