Овие па не ни пеат

Нов колектив, овој пат - инфлуенсери, го части светот со песна што повикува на заедништво и со тоа предизвикува колективно јадење на туѓ срам.

Ви текнува на Гал Гадот и нејзината ненаштимана дружина со „Imagine“? Е па, исто само овие ја пеат „We Are The World“, поточно - не ја пеат туку отвараат уста, плус понебитни се, па автоматски и ти е понезгодно.

Не е ни оригиналната верзија на песната.

И да сакаш, не можеш да ги знаеш сите, а најверојатно ниеден не знаеш. Единствено нешто што искупува од оваа компилација од која што гарантираме дека ќе ве заболи стомак од језа е што - барем се повикува на донирање средства за борба против корона.

Е па, вие донирајте.

Ние ќе го оставиме ова тука...

Одеднаш е малку појасно зошто ова доби толку кликови и воодушевени коментари.

29 април 2020 - 15:46