Дали сериозно бебето на Илон Маск се вика X Æ A-12?

Го прашаа како ти се вика детето, и се разбира дека им фрли коска да им биде интересно

На прашањето за името на детето што го има со музичарката Грајмс, Илон Маск уредно си твитна код со презиме и интернетот се разбира дека се фати на јадица.

Само што, не е прв пат некој вака да полуди кога ќе му се роди дете, па побитното прашање е: стварно, или трола?

Е па, можни се и двете, затоа твитот е веројатно код за вистинското име на детето. Всушност, и Грајмс на последниот албум има песна со наслов „4 Æ M“, или „За Илон Маск“, па од таму и теоријата. Среќната мајка дообјасни и дека шифрата Æ е за вештачка интелигенција, а иксот е едноставно икс.

Добро, ама што пишува на изводот?

Она што се знае е дека оригиналното име на А-12 борбениот авион е „Архангел“, што се вклопува, затоа што Маск многу сака леткање со авиони, а Грајмс често има библиски референци во нејзините текстови. Со оглед на тоа што икс е икс, Гардијан шпекулира дека името може да е Xai Archangel Musk.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Censored for insta haha - almost got away w it 😮

A post shared by ꧁ ༒ Gℜiꪔ⃕es ༒꧂ (@grimes) on

Но, што има Гардијан да шпекулира, и зошто се луѓето толку фасцинирани од овие двајца?

И двајцата имаат многу опсесивни фан-заедници, од кои многумина (главно на Грајмс фановите) не знаеја што да мислат за нивната врска, па имаше драма заради нивните различни политички гледишта, па некој куршлус со Азалија Бенкс, за на крај да додадат на опсесијата со мистериозното бебешко име.

Во спектарот на селебрити бебиња, имево котира доста високо. Над Блу Ајви (на Бијонсе и Џеј Зи), Епл и Мозес (Јаболко и Мојсеј на Гвинет Палтроу и Крис Мартин, ги преведовме за да видите колку е првото глупо), Шајло и Пакс Џоли Пит, па и Кал-Ел Кејџ (татко - Николас).

6 мај 2020 - 12:50