Мајките од социјализмот се одамна спремни за пандемија

Пандемиите на промаја и цименто можат да почекаат - една напатена душа што пишува за Гардијан, чија мајка е запознаена со начинот на функционирање во социјализмот, преку илустрации раскажува колку е всушност спремна. И познато ни е, не дека не.

1. На пример, ние имавме „Чиста Дана“. Овде се читале информативни содржини за деца со наслов „Миј раце или умри“.

2. Спремност за криза со најпотребното:

„Ее, ние кога чекавме ред за тоалетна хартија...“

3. „Мора ли толку брзо да јадеш. Утре може ќе нема.“

4. НЕ ПИПАЈ НИШТО!!!

Или, според мајкава овде, „Не фаќај, полно е со колера.“

5. Да можат мајките со Доместос да измијат сѐ што се јаде, ќе измијат. Ама ако ништо друго бар успеале да ти напраат шубе со секое овошје и зеленчук што нема да го поминеш со сјај. И „грозјето обавезно пола саат во сода бикарбона.“

6. „Има и полошо. За време на опсадата на Ленинград, дедо ти за малку ќе умрел од глад кога комшиите му ги украле залихите со храна.“

7. „Ај, доста. Пушкин со месеци седел во карантин заради колера.“

Е, дека се вакви, мораш да се дереш по нив да седат дома и да не одат во 12 маркети дневно, затоа што во едниот го има „баш тој ориз“, а во другиот „баш тие кеси за ѓубре“, плус „Си имам ред, дома ли да седам, ти како излегуваш, и онака можеме сите да се заразиме.“

И така.

23 април 2020 - 14:14