Мороните што украдоа од Џефри Стар

Како што ќе каже и Андреј Тербеа, толку ли е страшно на некој таму милионер да му украдеш козметика? Е па, страшно е.

Андреј Тарбеа е аниматор со новооткриена опсесија со Џефри Стар, за кого прво мислел дека е некој рандом богаташ како излезен од Бонд филм (да, личи), за случајно да се закачи за неговите видеа и да помине едно цело деноноќие со нив. Како и сите што прво го нејќат, па одеднаш го откриваат каков е, станува фан.

Ова е за сите што го глеткаат понекогаш, ама не се запознаени со тешката кражба што го снајде минатата година.

Е сега, нели, „на толкава мука по свет, што е битно дали некој украл некакви шминки од човек што и онака има милиони на сметка“? 

Не, ич не е така. Да не правиме муабет дека треба да си комплетен идиот да украдеш од Џефри Стар.

Пред да ја извади тогаш најновата палета, за која најавува дека има спремно толку многу парчиња, што морал да ги подели во неколку магацини, најџејмсбондовски, со спуштање од кров, му крадат не само од палетите за сенки, туку снемува и цела една нијанса на коректор - ги качуваат во камион и ги растураат на црн пазар.

Да, и за шминки има црн пазар.

Ама, се знае што се случува кога заебаваш негативец од Џејмс Бонд.

Шминките наскоро доаѓаат до најглупиот ешалон на црниот пазар - тупите препродавачи на социјални мрежи, со нивните непрофесионални фотографии и најави, каде што спорното парче шминка е сликано меѓу нивните дебелкасти прстиња, а текстот вика „Ова го има само кај нас, дами, нарачајте, цена имбокс!“

Се разбира дека првата што така самоуверено ќе отпочне бизнис со крадено од Џефри, оди во затвор.

Значи во затвор. И не само што ја ловат, туку успеваат од нејзе да ги дознаат и каналите по кои што ова функционира.

Еве симпатична анимација на оваа тема:

А ако ве интересира зошто Џефри е брилијантен бизнисмен:

24 април 2020 - 14:31