Кога го ставиле на насловна на Форбс минатото лето и пишувале за неверојатниот успех со Јизи, прво му било драго. Жена му дури и честитала, па со нив се израдувале и нивните 32,300 најблиски Твитер-пријатели. Но, без доволна документација и врз основа само на тоа дека „он така вика“, или што претпоставува индустријата, Форбс во тоа издание не го нарекува милијардер.
Канје тоа страшно го погодува.
Јавно протестира: „Јас им покажав извод со 890.000 милиони, а тие пак не рекоа милијардер,“ ќе рече на еден панел за нешто што никој во Форбс не го памти. Ван јавност, приватно, на Форбс им се буни дека статијата е „непочитување“ и „за инат правење“.
Кога се појавува годишната листа на милијардери на почетокот на месецов, каде што Канје пак го нема од проста причина што повторно нема документација, плус има борба со пандемија - Канје пак се жали и досаѓа. „Знаете вие што правите,“ ќе им пише во порака. „Си играте со мене, а јас нема да седам мирно и да ве трпам во името на Исус.“ Во еден момент им пишува и дека Форбс е дел од група на повеќе медиуми што се обидуваат да го потценат неговиот наратив на самоизграден милијардер заради неговата раса. А не му олеснува ни што роднина Кајли Џенер е веќе на списокот.
И одеднаш, ете го! Канје на неговите им дава налог да достават нумерички поглед во документите на Канје Инк.
Три работи се јасни: Потврда дека со причина е ставен на насловна, затоа што во само неколку години, има создадено бренд што го предизвикува и Најки Ер Џордан - една од појаките бизнис-приказни на векот.
Второ, потврдува дека Вест, кој и усно и во документи тврди дека е вреден повеќе од 3 милијарди е претерано фалбаџија, исто како и неговиот политички идол, Доналд Трамп. Не е по бројките, значи? Форбс се согласува.
И на крај, и веројатно според него најважно, навистина се потврдува дека акциите во Јизи навистина го прават - милијардер.
На оригиналната статија ги има и бројките убаво расчленети, за тие што ги интересира подетално. Битно еве, сега знаете. Канје е милијардер. Срам да ви е што не го почитувате тоа.