Неделна доза ентериер:

Што добиваш за 995 евра во Париз?

До сега имавме суми со четири цифри за фини американски градови, ама ако дојдеш понаваму, презентацијата е одма некако... Позабавна.

Младите заживеани во њујоршки студивца со украсени (и умно искористени) ќошеви и винтиџ лустери плаќаат по илјадници долари за станчиња и гарсоњери на фини локации, ама никогаш на најфините. Типов во сред Париз, трет арондисман (како да живееш до италијанска амбасада во центар) е ЖИВ среќен што за скоро 1000 евра живее во 27 квадрати. И тоа, пријатни 27 квадрати, а и неговото излагање е доста покреативно и позабавно за гледање од внимателно измонтираните, сјајни клипови што сме ги пренеле досега.

Кога ќе влезеш, има ѕид прекриен со рамки и слики, ама промуќурно ставен - за да гледаш прво таму и да не ти текне одма дека уште лево да се свртиш - толку е станот. 

Висок гостин нема да биде воодушевен од висината, ама па, нека се стрпи малку - типот има осет за осмислување на простор голем колку една тераса во блок на градски ѕид.

Бапскиот вкус му се меша со неговата современа (на моменти и премногу перформативна) персона, ама комбинацијата фино му излегла.

Сѐ во станот е половно и тоа му дава една топлина, што со ганц ново не може да се постигне.

Ама доста најавуваме.

24 април 2020 - 15:18