Новиот тренд што почнува од Кан вика „не се фарбајте“

Не многу одамна, меѓу правилата што важеа за жени беше и никако да не дозволат да се види дека имаат бели влакна, или скраја било - седа коса. Актерките во Кан рекоа - доста беше.

Што губиш кога ќе добиеш брачен партнер?

Лесно е да се верува дека бракот е општествено добро - дека животите и заедницата ќе ни бидат подобри ако луѓето се земаат и остануваат во брак. Сепак, оваа институција има доживеано огромни промени во последниве неколку генерации, што повремено води до тоа еден културолошки критичар да се запраша: Дали бракот станува непотребен? А многу малку луѓе се заинтересирани за одговорот.

Историја на „столчето за разговор“

Имало многу имиња и форми низ вековите - столче за разговор, клупа за додворување, тет а тет, виз а ви, стол за озборување или индискрет. Се сметало за врв на софистицираност во Викторијанската ера ако забавуваш модерна елита, и не смеело да се дозволи да имаш фин, богат дом, без такво во салон.

Фасцинантната историја на гробиштата

Мрачни се и мракот доаѓа од два правци - едниот, потажниот е дека сите знаеме што се гробишта. Другиот е филмскиот, каде што по дифолт се претставени како место каде што не само што има мртви со потенцијал да оживеат, туку и ти можеш да им се придружиш ако не се тргнеш одма, или ако си глуп да ги вознемируваш. Сепак, сте знаеле ли дека некогаш, гробиштата биле живо, ведро место?

Грета Гервиг и Марго Роби ќе прават филм за Барби

Кога ќе слушнеш „Ќе се снима филм за Барби“, прво што ти паѓа на памет е „Знам каков ќе биде“, ама кога ќе чуеш дека го пишува и го режира Грета Гервиг, сфаќаш дека не знаеш.

Мажи што треба да се избегнуваат во уметноста и во животот

Никол Терзињи спојува класична ликовна уметност со модерни коментари за да покаже колку знаат мажите да се прават паметни.

Митови за жените низ историјата што е ред да ги разбиеме

Не, корсетите не се ѓаволска алатка на патријархатот, смислена да ги држи жените под контрола. Се работи за обичен, во денешно време, прслук. Вакви погрешни размислувања има еден куп.

Кај се уплаќа за ова?

Почастете го сопругот со одмор во камп. Еве овој е супер, на пример.

Постојат и бракови без секс, и тоа е во ред

Прво, ако сте налетале на статијава, земете длабоко воздух и опуштете се, затоа што не сте сами. Ако сте тука затоа што имате помалку секс отколку порано, размислете што сѐ се случи минатава година: глобална пандемија, економска криза, расни тензии, итн.

Нов тренд за веѓи што не мора да го пробувате

После месеци покривање на лице, доаѓа сомнителен тренд на избелување веѓи - на луѓето им се чини дека е нешто свежо и привлекува внимание. Привлекува бога ми, ама од кои причини?

Пост-пандемиската колекција на Шанел е прекрасна

Градина во пролет - тоа сака да ни каже Шанел со најновата колекција на haute couture во Париз.

Нели некако ви се пие кафе со неа?

Не. Алкохол, најверојатно. Кралицата од „Снежана“ се шета низ Дизниленд и бива - па, кралица.

Жени во научна фантастика

„Знаеш, татко ми беше научник и затоа и јас ова го работам, нема шанси јас вака женско едноставно да сум научник, а моите да се автомеханичари, мора да има историја“ и други хитови.

Како Ванс ја замислува иднината?

Во 2003, Волт (Vault) на Ванс се појави како дете-бренд, со намера да изнајде простор за истражување на поинакви архивски дизајни. Оттогаш, овој спиноф станува опесија за скејтери и фанови на улична мода, што овозможува богатата историја на брендот да се поклопува со футуристички соработки.

Кај Кара Делевин дома

Многу забавно изгледа.

Зошто се саботираме?

Без разлика на која од многуте сфери во животот ќе ви текне, можностите за самосаботажа се неисцрпни. Во секое време човек може да си упропасти нешто. Треба да се научиме како не треба, а за да стигнеме до таму, да ги видиме прво шесте причини за тоа.

Историски Жан Пол Готје моменти

Од почетокот на брендот во 1976, Жан Пол Готје направи да биде прифатливо да носиш веш во јавност, го направи морнарското секси и општо, поплочи пат за нови дизајнери што сакаат да експериментираат со неочекуваното. Дури и цела колекција има посветено на битката против расизмот - есен/зима 1997.

Сакате да си нарачаме нешто од интернет?

Како најужасно ве имаат зезнато со нарачка од интернет? Има урбани легенди дека некој нарачал нешто што му било важно и го добил баш такво какво што го замислил, ама повеќето примери се жива несреќа.

Од каде доаѓа психоделичниот стил од ‘60-те?

Кога замислуваме хипици, веројатно пред очи ни се појавуваат ѕвонарки и долги коси, плус оние бои тесно врзани со ЛСД-искуство. Истовремено, се појавува и многу специфичен графички дизајн и стил на илустрација, познат од постери за концерти и омоти за албуми: извиен, облачест, едвај читлив; шарени комбинации на бои и декоративни рамки.

Кошмарни мејкап приказни

Кој нема повратено од сабајле, бујрум.

Професии што мислиме дека се гламурозни, а не се

Некои професии што ни се чинат фантастични кога ги гледаме од страна се всушност кошмар, според некои луѓе.

Бушава азбука за француски брендови

ТикТок е новата телевизија, па си доаѓа со свои еквиваленти. Денес имаме Бушава азбука од четворица Французи што го учат светот како се изговараат имињата на некои брендови, во формат доста близок со нашиов оригинал.